• четврток, 26 декември 2024

Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад

Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад

Москва, 12 јули 2023 (МИА) - Заменик-командантот на рускиот јужен воен округ, генерал Олег Зоков е убиен во украински ракетен напад, објави руската државна телевизија.

-За жал, тој загина, херојски. Тој човек заслужува големо признание, тој имаше неверојатен авторитет во вооружените сили, изјави синоќа пензионираниот генерал и пратеник во Думата Андреј Гуруљов.

Руското Министерство за одбрана официјално не потврди дека Зоков е убиен.

Неколку руски Телеграмски канали претходно објавија дека Зоков е убиен во гранатирањето на окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на околу 100 километри од фронтот.

Во последниве недели, Киев во голема мера го зголеми гранатирањето на руските задни командни и логистички центри и складишта за гориво и муниција, користејќи, меѓу другото, британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ „Storm Shadow“.

Зоков (51) се најде на европската листа на санкционирани за учество во војната.

Тој се смета за делумно одговорен за серијата ракетни напади врз украинските градови.

Тој е шестиот руски генерал чија смрт е потврдена од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. мс/

фото: Твитер

Остани поврзан