• среда, 25 декември 2024

Висок пораз на Металург на гостувањето во Австрија

Висок пораз на Металург на гостувањето во Австрија
Виена, 23 февруари 2021 (МИА) – Ракометарите на Металург го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар во Лига Европа, откако вечерва убедливо загубија на гостувањето кај австриски Фајверс со 45:30 (22:13).  Домаќините веќе во воведните минути поведоа со седум голови предност (9:2) што до полувремето ги зголемија на плус девет и ги решија сите дилеми околу победникот.  Најефикасен во редовите на Металург беше црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ со девет голови.  Металург по осум натпревари е последнопласиран во групата А, со седум порази и едно реми, а во следното, претпоследно, коло во групната фаза ќе игра на домашен терен против Адемар, на втори март. ег/зс/

Остани поврзан