• среда, 25 декември 2024

Висок пораз на македонските кошаркари на гостувањето во Бар

Висок пораз на македонските кошаркари на гостувањето во Бар
Бар, 16 август 2022 (МИА) – Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација претрпе вечерва висок пораз од Црна Гора со 89-53 на гостувањето во Бар во единствениот контролен натпревар пред стартот на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025. Победникот беше одлучен веќе по воведните десет минути во кои Црна Гора стекна предност од дури 18 поени (29-11). На полувреме резултатот на семафорот покажуваше предност на домаќините од 45-27, а во третата четвртина Црна Гора направи серија од 16-0 и поведе со високи 6-27. Најефикасен во македонските редови во дебитантскиот натпревар на селекторската клупа на Александар Јончевски беше Дамјан Робев со десет поени. Македонската репрезентација ги стартува европските претквалификации на 25 август со гостување во Данска, а три дена подоцна во Скопје е домаќин на Словачка во групата во која за противник „црвено – жолтите“ ќе ја имаат и Норвешка. ег/мд/

Остани поврзан