• недела, 28 јули 2024

Високи признанија од Португалија за млади ликовни уметници од Битола

Високи признанија од Португалија за млади ликовни уметници од Битола

Битола, 4 август 2022 (МИА)Млади ликовни уметници, членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ - Битола добија високи награди и признанија од детската ликовна колонија „Евора 2022“ која со поддршка на УНЕСКО се одржува во истоимениот град во Португалија.

Во конкуренција на ликовни творби пристигнати до организаторот во Евора од 30 држави во светот, членови на студиото од Битола освоија еден златен и пет сребрени медали, како и 17 посебни дипломи.Со златен медал се закити Ангела Цветковска (17), сребрени медали добија Ангела Бошевска (11), Ивана Петрова (10), Јана Сивакова (9), Јована Анастасовска (6) и Бојан Нечевски (6), а специјални дипломи за посебен ликовен пристап во творештвото се доделени на 17 членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ - Битола.

Детската ликовна колонија во Евора е востановена по примерот на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. мт/мд/

Остани поврзан