• среда, 25 декември 2024

Високи претставници на опозициската партија Чадема во Танзанија пуштени од притвор

Високи претставници на опозициската партија Чадема во Танзанија пуштени од притвор

Додома, 13 август 2024 (МИА) - Лидерите на главната танзаниска опозициска партија Чадема, вклучувајќи го и претседателот Фриман Мбоу и неговиот заменик Тунд Лиса, кои беа приведени пред младинскиот собир, се пуштени од притвор со кауција, соопшти денеска полицијата.

Властите уапсија околу 520 луѓе ширум Танзанија за да спречат протести во југозападниот град Мбеја, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека некои од уапсените останале во притвор бидејќи не ги исполниле условите за кауција, а апсењата предизвикале стравувања дека Танзанија се враќа на репресивното владеење на починатиот претседател Џон Магуфули, и покрај тоа што неговиот наследник Самиа Хасан ги укина забраните за јавни собири на опозицијата и вети дека ќе го обнови дејствувањето на опозицијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан