• сабота, 23 ноември 2024

Висар Ганиу на разговор во Полициска станица „Бит Пазар“, добил две прекршочни казни поврзани со посетата на Курти

Висар Ганиу на разговор во Полициска станица „Бит Пазар“, добил две прекршочни казни поврзани со посетата на Курти

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска бил повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

- Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата „Бит Пазар“ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир, рече Ганиу, во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“. сх/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан