• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вирц ќе го пропушти реваншот со Баерн во Лигата на шампионите

Вирц ќе го пропушти реваншот со Баерн во Лигата на шампионите

Леверкузен, 10 март 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц заработи повреда и нема да може да учествува на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен закажан за 11 март.

-Флоријан Вирц ќе мора привремено да остане надвор од теренот. Те поддржуваме и се радуваме на твоето враќање во уште посилна форма Фло, објави прес-службата на Баер на социјалните мрежи.

Вирц има повреда на скочниот зглоб здобиена викендот на дуелот со Вердер во Бундеслигата.

Дваесет и едногодишниот Вирц има 15 гола и 13 асистенции во 39 натпревари оваа сезона. Неговиот договор со Баер е до 2027 година. 

Според Transfermarkt, моменталната трансфер вредност на играчот е 140 милиони евра.

Првата средба која се одигра на 5 март заврши со победа на тимот од Минхен од 3:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан