• среда, 25 декември 2024

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси
Скопје, 23 април 2020 (МИА) - Саем за одржливост, на кој главно ќе се зборува за развивање на одржливи навики и мода, зелени бизниси, активизам за животната средина но и правда за животната средина, виртуелно ќе се одржи денеска преку интернет платформата Zoom. Настанот е организиран од Американските катчиња во Штип и Скопје, со помош на невладината организација „Биди Зелен“ и Клубот за животна средина од средното училиште во Колумбија. Гости говорници, како што наведуваат организаторите, ќе бидат претставници од организациите „Fashion Revolution“, АРНО, Нула Отпад, „TreeBanks“, и апликацијата „Challenger“. -Настанот ќе почне со кратка презентација на организациите, а потоа учесниците ќе имаат можност да се поделат во пет групи зависно од темата за која имаат повеќе интерес и би сакале да се вклучат во дискусија, наведуваат од тимот на Американското катче.бт/ев/

Остани поврзан