• недела, 06 октомври 2024

Виртуелен разговор на шефовите не дипломатијата на САД, Велика Британија, Франција и Германија

Виртуелен разговор на шефовите не дипломатијата на САД, Велика Британија, Франција и Германија
Лондон, 5 февруари 2021 (МИА) - Шефовите на дипломатијата на Велика Британија, на Франција, на Германија и САД првпат по речиси три години разговараа на виртуелен состанок, на кој европските сојузници го поздравија враќањето на Вашингтон во центарот на светската политика под водство на претседателот Џо Бајден. Како што соопшти британското Министерство за надворешни работи министрите за надворешни работи на трите европски земји и американскиот државен секретар на виртуелниот состанок разговарале за Иран, Кина, Мјанмар, климатските промени и пандемијата со Ковид-19. Последен пат министрите на четирите држави се сретнаа во април 2018 година. Разговорот помеѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер Доминик Раб, шефот на германската дипломатија Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работиу Жан-Ив Ле Дриан се одржа еден ден откако Бајден во Стејт департментот изјави дека „Америка се врати, дипломатијата се врати“. Бајден ја смени политиката на претходниот американски претседател Доналд Трамп -  „Америка на прво место“ за прашањата како што се климатските променни и Русија, ја поништи одлуката за повлекување на американските војници од Германија и ја укина поддршката за воената офанзива на Саудиска Арабија во Јемен. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан