• вторник, 24 декември 2024

Виола фон Крамон: Длабоко сум разочарана и загрижена поради постапките на косовските власти

Виола фон Крамон: Длабоко сум разочарана и загрижена поради постапките на косовските власти

Стразбур, 15 февруари 2024 (МИА) - Пратеничката во Европскиот парламент и известувач за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, денеска изјави дека е длабоко разочарана и загрижена од постапките на властите во Приштина, кои, како што нагласи, „имаат директни и негативни последици за етничките Срби и другите заедници во Косово“.

Реагирајќи на критиките на вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, упатени до специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, Фон Крамон наведе дека Европската Унија е шеф и дека не и треба некој да и каже на нејзините лидери со кого и кога можат да се сретнат.

-Господин Лајчак неколкупати се сретна со сите учесници кои можат да придонесат за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Во согласност со тоа е и оваа посета на НКЕУ (претставници на Националната конвенција за Европската унија од Србија). Тие се не портпароли на претседателот на Србија, Вучиќ, туку независна невладина организација што поддржува мултиетнички проекти и неуморно работи за интеграција во Косово, наведе Фон Крамон на платформата „Х“.

Таа додаде дека таквите изјави (на Бислими) не само што се лажни, туку се и опасни бидејќи се насочени кон поединци и нивни организации.

-Клучно е мултиетничкиот карактер на Косово да биде зачуван, ценет и поддржан. Ова е суштината што беше вметната во планот/уставот на Ахтисари на Косово, врз основа на кој Западот го призна Косово, додаде Фон Крамон. мс/

Остани поврзан