• петок, 27 декември 2024

Вин Дизел обвинет за сексуално вознемирување

Вин Дизел обвинет за сексуално вознемирување

Лос Анџелес, 22 декември 2023 (МИА) - Американскиот глумец Вин Дизел е обвинет за сексуално вознемирување и создавање непријатна работна средина, во тужбата што ја поднесе негова поранешна помошничка.

Приватната тужба е поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес. Станува збор за наводен инцидент од 2010 година, кога, како што тврди асистентката Аста Јохансон, Дизел ја „удрил во хотелски апартман, и мастурбирал пред неа“, пренесува Си-ен-ен.

Јохансон ги тужи Дизел, неговата компанија „Уан рејс продакшнс“ и сестрата на глумецот - Саманта Винсент, за сексуално вознемирување, мобинг, несовесен надзор и незаконско раскинување договор. Бараната отштета е 10.000 долари за секое наводно прекршување на законот.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан