• четврток, 12 февруари 2026

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, работилница во Кавадарци

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, работилница во Кавадарци

Кавадарци, 22 јануари 2026 (МИА) - Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, беше кажано на денешната работилница во Кавадарци, во организација на Wine Berry и Здружението на македонски семејни винарии, здружение со седиште во овој град.

-Пред присутните претставници на фамилијарни винарници, во Винскиот музеј, се говореше за тоа како повеќе да се развие винскиот туризам кај нас, со цел земјава да биде посакувана винска дестинација и на винската мапа за винските и останатите туристи и љубители на природата и производите од грозје, рече за МИА, Гоце Попов, извршен директор на здружението. 

Попов додаде дека пред претставниците на македонските семејни винарии, презентации одржаа вински експерти од Словенија, осврнувајќи се на тоа, како да се зголемат капацитетите, за развој на македонскиот вински туризам. свд/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан