• среда, 25 декември 2024

Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите

Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите

Белград, 30 април 2024 (МИА) - Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 22 до 24 ноември 2024 година со поддршка на владите на Република Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан е единствена и најголема регионална платформа за поврзување на винарите, дестилаторите, дистрибутерите, како и професионалците од винската индустрија. Саемот од година во година собира сè поголем број излагачи и професионални купувачи, отворајќи нови пазари и деловни можности за домашните производители.

Во 2023 година, саемот собра повеќе од 600 изложувачи од 29 земји, при што беа одржани повеќе од 2.000 B2B состаноци со дистрибутери од повеќе од 40 земји.

-Надоврзувајќи се на успехот и растот што го постигна саемот од година во година, ги покануваме сите излагачи да бидат дел од најголемата винска и дестилеријска манифестација во регионот, која дава можност за презентирање и пласирање на производите на меѓународно ниво, се наведува во соопштението на Стопанската комора на Србија (ПКС) во поканата до изложувачите на Винска Визија на ОБ.

Пријавите за саемот траат до 21 јуни 2024 година, а може да се преземат од официјалната веб-страница на Винска визија на Отворен Балкан: https://exhibitors.winevision.biz/. об/

Фото: плакат

Остани поврзан