• сабота, 28 декември 2024

Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите

Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите
Охрид, 26 мај 2021 (МИА) – Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона. Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво искуство да се проба на Охридското Езеро. Нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца. Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан во Трпејца. Зоран Тунтев, ескперт по туризам и иницијатор на повеќе проекти за промоција на туристичката понуда, вели дека замислата е да се заинтригира вниманието на гостите со некоја посебна понуда, притоа посочувајќи дека таквото вино послужено во топлите летни денови поседува особен шмек. аб/скс/

Остани поврзан