• четврток, 05 декември 2024

Виното е опасно за луѓето со астма и дијабетес

Виното е опасно за луѓето со астма и дијабетес
Лос Анџелес, 18 април 2022 (МИА) - Според Американскиот институт за вино, просечниот Американец пие повеќе од 13 литри вино секоја година. Но сепак, виното не е за секого. Експертите советуваат, како што објави списанието „Eat This, Not That“, за кого сѐ е полезно да се прекине со оваа напивка. 1. Лица со дијабетес Луѓето со дијабетес треба особено да внимаваат со виното, според Лијан Постон, специјалист во „Инвигор медикал“. - Виното може да влијае на нивото шеќер во крвта, особено ако се пие на празен стомак. Дијабетичарите треба да бидат многу внимателни, вели Постон. - Пиењето алкохол на празен стомак може значително да го намали нивото шеќер во крвта и да доведе до тешка хипогликемија, што може да доведе до дијабетна кома, додаде тој. 2. Оние кои земаат седативи или лекови против болки Без оглед какви седативи или лекови против болки земате, пиењето алкохол во сите случаи значи - опасност. - Седативите и лековите против болки се депресанти, што значи дека ја забавуваат активноста на мозокот. А, алкохолот го прави истото, вели Постон. Според извештајот од 2014 година објавен од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, алкохолот е причина за 18,5 отсто од повиците во итна помош поврзани со опојни аналгетици и 22,1 отсто од смртните случаи поврзани со тоа. 3. Луѓе кои земаат дисулфирам Дисулфирам е лек којшто се користи за хроничен алкохолизам. Во комбинација со вино може да има сериозни несакани ефекти. - Ако пиете алкохол додека го земате овој лек, може да почувствувате главоболки, повраќање, гадење, слабост, промени во дишењето и отчукувањата на срцето, појаснува Постон. 4. Заболени од астма Изненадувачки, ако страдате од астма, една или две чаши вино може да ве направат поподложни на напади. Астматичарите може да доживеат несакани последиции од виното, поради чувствителноста на сулфити, според д-р Крис Ери. си/ми/

Остани поврзан