• сабота, 23 ноември 2024

Винисиус: Ќе победиме само кога расистите ќе ги напуштат стадионите и ќе одат директно во затвор

Винисиус: Ќе победиме само кога расистите ќе ги напуштат стадионите и ќе одат директно во затвор

Мадрид, 31 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги поддржа Маркос Акуња, Кике Санчез Флорес и Шеик Сар, кои беа изложени на навреди на расна основа за време на натпреварите од шпанското првенство.

-Во саботата имавме три бесрамни инциденти на расизам во Шпанија. Целосно ги поддржувам Акуња и тренерот на Севиља, Кике Флорес, како и Зар од Рајо. Нека нивната храброст ги инспирира другите. Мора да се најдат расистите. Натпреварите не можат да продолжат додека тие се на трибините. Ќе победиме само кога расистите ќе ги напуштат стадионите и ќе одат директно во затвор - местото што го заслужуваат, напиша Винисиус на социјалните мрежи.

Претходно, Винисиус постојано беше подложен на расистички напади од навивачите на противничките тимови за време на натпреварите од шпанското првенство.

Винисиус е еден од најголемите борци за искоренување на расизмот од фудбалските и воопшто од спортските терени. Тој постојано добива поддршка од сите страни на светот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан