Винисиус се врати на тренинзите
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор изјави дека се вратил на тимските тренинзи.
![Винисиус се врати на тренинзите](https://new.mia.mk/index.php/images/20230926111353_big_730x400_95.webp )
Мадрид, 26 септември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор изјави дека се вратил на тимските тренинзи.
Винисиус објави фотографија од тренинг и напиша: „Подготвен сум!“
Претходно, тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти најави целосно закрепнување на Винисиус.
Дваесет и тригодишниот Бразилец нема играно од 25 август по повредата добиена на натпреварот од 3. коло од Ла Лига со Селта Виго (1:0), како и поради гастроентеритис.
Соопштено е дека Винисиус ќе биде вклучен во составот за натпреварот на Реал Мадрид против Лас Палмас закажан за утре во 19 часот. зс/
Фото: ЕПА