• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон

Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон

Мадрид, 9 април 2025 (МИА) - Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок пораз од Арсенал со 0:3 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Бразилскиот интернационалец го искористи својот Инстаграм профил за да им се обрати на навивачите на актуелниот европски клупски шампион.

-Нема оправдување. Лоша игра. Време е да се подобриме и да се бориме на „Бернабеу". Работите отсекогаш се случувале на овој терен и можеме да го направиме тоа повторно. До самиот крај, секогаш“, напиша Винисиус до својата фотографија од синоќешниот натпревар.

Се очекуваше крилниот напаѓач да биде меѓу клучните фигури на Реал Мадрид на натпреварот, но наместо тоа, фудбалерот беше меѓу најслабите на теренот во Лондон, откако не успеа да изведе ниту еден удар, не успеа да реализира ниту еден успешен дриблинг или центаршут и ја загуби топката 18 пати. дс

Фото: Архива

Остани поврзан