• недела, 24 ноември 2024

Вил Смит: „Дивиот, див запад“ ми е трн во око

Вил Смит: „Дивиот, див запад“ ми е трн во око
Лос Анџелес, 4 октомври 2021 (МИА) - Холивудската ѕвезда Вил Смит, во неодамнешното интервју за „Џи-кју“ беше прашан, кој од филмовите во коишто глумел смета дека е најслаб? Без двоумење, тој одговори дека каубојската комедија од 1999 година - „Дивиот, див запад“ е неговиот најнеомилен филм. - „Дивиот, див запад“ ми е трн во око. Не ми се допадна. Првиот дел од „Луѓе во црно“, како и „Потрага по среќата“ ги сметам за најдобри. Од различни причини, мислам дека ова се моите два речиси совршени филма, изјави тој. Годинава тој е актуелен со биографскиот „Кралот Ричард“, а најавени се уште неколку филма во претпродукција, меѓу кои и „Лоши момци 4“, „Брзи и лабави“ и други.  си/ссм/

Остани поврзан