• четврток, 26 декември 2024

Вилма Русковска се сретна со главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев

Вилма Русковска се сретна со главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Борбата против меѓународниот организиран криминал и корупцијата и превенција и сузбивање на тероризмот, била во фокусот на денешната работна средба во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје на Основната јавната обвинителка Вилма Русковска со Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и јавниот обвинител и портпарол Сијка Милева кои се во дводневна посета на нашата земја. ​На средбата, како што информираат од ЈОРМ, меѓу другото, обвинителите ја истакнале и важноста од брзо постапување во меѓународната правна соработка, како и улогата што истата ја има во сузбивањето на транснационалниот криминал. Иван Гешев и Вилма Русковска, исто така, го истакнале и своето задоволство од досегашната соработка меѓу обвинителствата на Република Бугарија и Република Северна Македонија и надежите дека истата ќе продолжи и во иднина.​ аа/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан