• петок, 27 декември 2024

Вилдерс се надева дека оваа недела ќе се постигне решение за формирање холандска влада

Вилдерс се надева дека оваа недела ќе се постигне решение за формирање холандска влада

Амстердам, 8 мај 2024 (МИА) - Лидерот на холандската Партија на слободата Герт Вилдерс изјави дека се надева дека четирите партии кои преговараат за формирање влада ќе постигнат договор за неколку дена.

„Навистина се надевам дека тоа ќе се случи оваа недела, но тоа не зависи само од мене“, рече Вилдерс непосредно пред состанокот со преговарачите од Народната партија за слобода и демократија (НПСД), Нов социјален договор (НОД), Фармерско-граѓанско движење (ФГД) и главните преговарачи.

Ова го соопшти Националната информативна агенција на Холандија АНП.

Главните преговарачи за состав на влада Ричард ван Звол и Елберт Дејкграф треба да го поднесат својот извештај најдоцна до 15 мај.

„Ние сме во завршна фаза. Даваме се од себе за да успееме. Секој ден е се повозбудливо, се поблиску сме до целта“, изјави Вилдерс.

Тој смета дека временскиот притисок може да биде корисен и за постигнување компромиси и резултати.

Се очекува преговорите да продолжат денеска. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан