• среда, 25 декември 2024

Виктор Орбан: Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја со ЕУ до декември

Виктор Орбан: Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја со ЕУ до декември

Будимпешта, 24 октомври 2024 (МИА) - Црна Гора е подготвена за приклучување кон Европската Унија и направи значителен напредок на тој пат, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на средба со неговиот црногорски колега Милојко Спајиќ во Будимпешта.

Тој посочи дека се договориле Црна Гора да затвори одредени преговарачки поглавја со ЕУ до декември, извести црногорската национална телевизија РТЦГ.

Орбан истакна дека во сегашната меѓународна ситуација конкурентноста на ЕУ опаѓа и дека е потребно нешто да се промени. Унгарија го поддржува проширувањето како одговор на овие предизвици.

- Црна Гора е најподготвена за влез во ЕУ и голем дел од преговарачките глави веќе требаше да бидат затворени. Ќе направиме сè ова да се реализира додека Унгарија претседава со ЕУ, изјави Орбан. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан