• недела, 28 јули 2024

Викендов на Матка ќе се одржи ИКАС 2023

Викендов на Матка ќе се одржи ИКАС 2023

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонската кајак федерација викендов ќе го организираат 54-от Илинденски кајак слалом – ИКАС 2023.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски очекува манифестацијата да помине во најдобар ред.

 

- Ова е една од најстарите манифестации во Европа, а потврда за успешната организација во сите изминати години го услови и добивањето на организацијата на Европското првенство за сениори во дисциплината Спуст на дива вода во месец Мај 2023 година. Агенцијата за млади и спорт ќе помогне во организацијата на оваа манифестација со цел да се претставиме во најдобро светло, истакна Мојсовски.

 

Почетокот на квалификациските трките е закажан за 10 часот , а финалето ќе се одржи во недела со почеток од 16 часот.

 

Трките ќе се одржуваат на СРЦ „Матка“ крај Скопје. зс/

Остани поврзан