Викендот финални коњички турнири во прескокнување пречки
- Во организација на скопскиот Коњички клуб „Илинден“ викендов на теренот на Хиподром во Маџари ќе се одржат вториот и третиот „Октомвриски коњички турнир“, како и завршни натпревари во Државно
![Викендот финални коњички турнири во прескокнување пречки](https://new.mia.mk/index.php/images/20221114011153_big_730x400_79.webp )
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) – Во организација на скопскиот Коњички клуб „Илинден“ претстојниот викенд на теренот на Хиподром во Маџари ќе се одржат вториот и третиот „Октомвриски коњички турнир“, како и завршни натпревари во Државното првенство и националниот куп во прескокнување пречки.
На програмата в сабота и в недела со почеток во 11 часот во рамки на финалното, шесто, коло од Државното првенство се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките од 0.90 до 1.20/1.40 метри.
Одржани ќе бидат четири натпревари во прескокнување пречки од финалето на Купот во класите А. Б, Ц и дебитанти со височина на пречките од 1.05 до 1.20/1.40 метри.ег/бт/