• недела, 28 јули 2024

Викендов четири натпревари на Хиподромот во Маџари

Викендов четири натпревари на Хиподромот во Маџари
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) – На Хиподромот во скопската населба Маџари утре и в недела ќе се одржи првиот и вториот Септемвриски коњички турнир, како и 2. коло од Отворениот куп на Република Северна Македонија во прескокнување пречки и 4.коло – финале од Лига првенството на РСМ Почетокот на натпреварувањата е закажан за 10 часот. Организатори на турнирот и купот се Федерацијата за коњички спортови на РС  Македонија и Коњичките клубови Илинден и Вивакс од Скопје. За утре (сабота) предвидени се три натпревари во прескокнување на пречки: Избери го својот пат; Поголеми и побрзи и ревијален натпревар. Височина на пречките ќе биде од 0,90- 1,10/1,20м. На прогрмата в недела се натпревари во прескокнување на пречки во класите А,Б,Ц и ревијален натпревар. Височина на пречките ќе биде од 1 до 1,2 метра/1,35м. зс/

Остани поврзан