• среда, 27 ноември 2024

Викендов девет новозаболени од Ковид-19 во Крива Паланка и Кратово, 79 во изолација

Викендов девет новозаболени од Ковид-19 во Крива Паланка и Кратово, 79 во изолација

Крива Паланка, 31 август 2020 (МИА) – Во изминатите денови од продолжениот празничен викенд во општина Крива Паланка и Кратово беа регистрирани вкупно дeвет нови случаи на заболени од Ковид-19, од кои шест се во Крива Паланка, а тројца во Кратово.

Според информациите од секторот за внатрешни работи Куманово, во двете општини во моментот во изолација се вкупно 79 лица од двете општини.

-На подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка под која спаѓа и општина Ранковце, во моментот се евидираат 55 лица со решение за изолација додека на подрачје на ПС од ОН Кратово има 24 лица со решенија за изолација. Нема регистрирани лица кои се во самоизолација. Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на ПС од ОН Крива Паланка и ПС од ОН Кратово во текот на изминатиот, продолжен празничен викенд од 28 до 31 август 2020 година, нема регистрирано прекршоци, ниту се изречени санкции на угостители за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, информираат од одделот за комуникација со јавност при СВР Куманово.

Од почетокот на пандемијата досега, во Крива Пааланка се регистрирани вкупно 46 лица заболени до Ковид-19, од кои 17 случаи се сеуште активни, додека во Кратово од вирусот заболеле 19 лица, а четири случаи се активни.ид/бт/

Остани поврзан