• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Викендов во Скопје прскање против комарци

Викендов во Скопје прскање против комарци

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Градот Скопје информира дека во сабота и во недела, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се додава во денешното соопштение.

Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан