• среда, 27 ноември 2024

Викендов во Скопје почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки

Викендов во Скопје почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки
Скопје, 25 август 2022 (МИА) – Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од сабота до 4 септември ќе биде домаќин во Скопје на Европското првенство до 19 години во женска конкуренција. Македонската јуниорска женска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А заедно со Финска, Грција, Италија, Полска и Словенија. Во воведниот натпревар, в сабота со почеток во 20:30 часот, македонските одбојкарки за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Финска. Групата Б ја сочинуваат Хрватска, Романија, Србија, Швајцарија, Холандија и Турција. Натпреварите ќе се играат на две локации, во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. ег/мд/

Остани поврзан