• сабота, 23 ноември 2024

Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад

Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов исчистиле десетина диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, екипите чистеле на улица „Самоилова“ во општина Чаир, каде во непосредна близина на Музејот на современа уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.

Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата „Орце Николов“.

На улицата „Февруарски поход“ во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае и на улицата „Московска“ во општината Карпош отстранети се 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.

 

Екипитете на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје расчистиле и обемна дива депонија лоцирана на улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кисела Вода, каде се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања. мд/aa/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“- Скопје

Остани поврзан