• недела, 28 јули 2024

Викендов во Волково „Мајски коњички турнир“

Викендов во Волково „Мајски коњички турнир“
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија, Коњичкиот клуб „БРАВАДОС“ од Скопје на терените во Волково, утре ќе го одржи „Мајскиот коњички турнир“. Воедно ќе се одржи и 1. коло од отвореното Лига – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година Почетокот на натпреварите се во 11 часот. На програмата се два натпревара во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 м. до 1,20 м. зс/

Остани поврзан