• петок, 27 декември 2024

Виетнам привремено отпушти 27 пакистански пилоти, ќе ги проверува нивните дипломи

Виетнам привремено отпушти 27 пакистански пилоти, ќе ги проверува нивните дипломи
Ханој, 29 јуни 2020 (МИА) - Виетнам привремено суспендираше 27 пакистански пилоти кои работат за виетнамски авиокомпании. Мерката ќе остане во сила до темелно истражување на информациите за нивните дипломи за обука во училиштата за пилоти. Причината за овој чекор е скандалот со лажни пилотски дипломи во Пакистан, објави информативниот портал ВНЕкспрес.

Покрај тоа, ќе бидат проверени и дипломите на сите пилоти кои работат во земјата, а ги стекнале во пакистанските училишта. Одлуката за привремено прекинување на работата на пакистанските пилоти и нивните странски колеги обучени во Пакистан е донесена минатата недела. Доколку инспекцијата покаже дека дипломите се валидни, пилотите ќе бидат вратени на работа.

Во Пакистан избувна скандал со лажни пилотски дипломи, откако беше утврдено дека 262 пилоти кои работат за локалните авиокомпании не дипломирале на училиштата за пилоти, туку своите дипломи ги добиле преку корупциски шеми.

Пред една недела беше објавено дека „Пакистан Интернешнл ерлајнс“ ќе „приземји“ околу една третина од своите 434 пилоти под сомнение дека немаат правни лиценци за оваа дејност.

Одлуката е донесена по истрагата за инцидентот кога се урна авион Ербас А320, при што загинаа 97 луѓе. Во извештајот е наведено дека пилотите не ги следеле протоколите за летање. паг/

Остани поврзан