• петок, 27 декември 2024

Виетнамскиот Парламент го избра Нгуен Ксуан Фук за нов претседател

Виетнамскиот Парламент го избра Нгуен Ксуан Фук за нов претседател
Ханој, 5 април 2021 (МИА) – Националното собрание на Социјалистичка Република Виетнам денеска го избра Нгуен Ксуан Фук за нов претседател на земјата. Според парламентарната контролна комисија, кандидатурата на 67-годишниот Нгуен Ксуан Фук, кој е премиер на Виетнам од 2016 година, ја поддржале 97, проценти од членовите на Националното собрание. Нгуен Ксуан Фук на претседателската функција го замени Нгуен Фу Чонг, генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Виетнам. јт/

Остани поврзан