• среда, 25 декември 2024

Виенска полиција: На видео материјалот веројатно е Данка Илиќ, се бараат жените од снимката

Виенска полиција: На видео материјалот веројатно е Данка Илиќ, се бараат жените од снимката

Виена, 3 април 2024 (МИА) - Виенската полиција објави соопштение во кое достави две нови фотографии од девојче од Виена кое наликува на Данка Илиќ (2). Полицијата во своето соопштение наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во овој град и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка, пишува Блиц.

Како што се наведува во полициското соопштение, тие во моментов трагаат по жени кои биле во друштво на девојче кое личи на Данка Илиќ и ги повикуваат луѓето да се обратат во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.

Како што се наведува во соопштението на виенската полиција, информациите се испраќаат до полицијата и на телефонскиот број 01-31310-33800 или која било полициска станица.

Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот од дворот каде била со мајка и и брат и. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан