Виена донира возило за собирање отпад на Општина Берово
- Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски денеска ја прими донацијата од Виена, возило за собирање отпад. Донацијата како што соопшти градоначалникот се реализира преку Општинскиот оддел 27, Европски прашања, а како дел од хуманитарната програма за помош на Виена.

Берово, 4 април 2025 (МИА) - Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски денеска ја прими донацијата од Виена, возило за собирање отпад. Донацијата како што соопшти градоначалникот се реализира преку Општинскиот оддел 27, Европски прашања, а како дел од хуманитарната програма за помош на Виена.
-Се работи за донација возило за собирање на смет, марка МAN, кое ќе биде наменето за потребите на ЈПКР ,,Услуга” Берово. Упатив голема благодарност за донираното возило, кое ќе го збогати возниот парк на јавното комунално претпријатие во Берово и ќе го подобри комуналниот сервис кон граѓаните, истакна Пекевски.
Ова според него е една исклучително важна донација, која уште еднаш ја потврдува нашата заложба кон унапредување на состојбите на локално ниво.
Благодарност за донираното возило упати и Директорот на ЈПКР ,,Услуга “ Берово, Илија Рунтевски кој додаде дека со ова возило, јавното претпријатие ќе обезбеди подобар комунален сервис кон граѓаните. вс/са/
Фото: МИА