• четврток, 26 декември 2024

Видео „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците

Видео „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците
Париз, 12 март 2022 (МИА) - Украинската Врховна рада за да ја поддржи својата молба за затворање на воздушниот простор над Украина, што не може да го добие од западните држави со видео насловено „Париз под бомби“ се обидува да ги сензибилизира Европејците. Како што јави дописникот на МИА, украинскиот Парламент утрово објави лажно видео на кое се гледаат бомбардирање на европските метрополи. - Дали познатата Ајфелова кула во Париз или Бранденбуршката порта во Берлин би останале да стојат под бескрајните бомбардирања на руските трупи? се поставува прашањето во видеото објавено на Твитер. Видеото е објавено  со цел да се предизвикаат западните сојузници, кои сè уште одбиваат воспоставување зона на забранети летови, поради страв од предизвикување глобален конфликт. - Дали мислите дека ова не Ве засега? Денес е Украина, утре ќе биде цела Европа. Русија ништо нема да ја запре, се наведува во твитот на Врховна рада. тг/ми/ https://twitter.com/ua_parliament/status/1502402021386858504 Украина  

Остани поврзан