• недела, 24 ноември 2024

Видео обраќање на Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ за коронавирусот

Видео обраќање на Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ за коронавирусот
Скопје, 16 јуни 2020 Вашето прогласување на победа над пандемијата помина во пораз на нашиот здравствен систем и на нас како држава! Реномирани светски институции ја ставаат Македонија прва на ранг листите по лошо справување со корона вирусот, односно по најголем број на заболени и на починати. Македонија според реномираниот универзитет Џон Хопкинс има катастрофален индекс на смртност во однос на сите свои соседи, но и во однос на најголем број држави во светот. Македонија е прва во Европа и по број новозаразени лица на милион жители со корона. Ова е податок од статистичката веб страница Ворлдометар. Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем - министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите. Со тоа нормално и очекувано е да бидеме единствена изолирана земја во регионот. Но, што и да очекуваме од Влада која од сите активности во борбата против пандемијата најдобро ги одработи само прес конференциите, со целиот пи-ар насочен единствено кон ресорниот министер за здравство. Целата останата работа беше оставена на способноста и професионалноста на медицинскиот персонал кој се справува како што знае и умее со оваа пандемија. Се обидовте преку пандемијата да собирате политички поени и што побрзи избори, но ни тоа не ви успеа. И сега поразени, вината ја префрлате на народот. Почитувани господа од власта, време е за стратегија без политиканство, за да можеме самите себе да си помогнеме во овие моменти кога бројот на заразени и починати вртоглаво расте. Потребна беше здравствена едукација за граѓаните, но тоа не подразбира делење флаери за вашата политичка опција или хуманитарни пакети. Очигледно не ја сфативте сериозноста на оваа состојба од која само заеднички можевме да излеземе како победници. И така наместо интересот на граѓаните и на државата, СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. Недозволиво е кариерата на некои политичари да биде побитна од животот на макар еден човек. https://www.youtube.com/watch?v=fLA5j9ytrus&feature=youtu.be
Доктор Маријан Миленковски, кандидат за пратеник во Изборна единица 3, ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан