• сабота, 23 ноември 2024

Видео конференциска врска на Мисајловски и Лафчиски со нашите припадници во Либан

Видео конференциска врска на Мисајловски и Лафчиски со нашите припадници во Либан

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски утрово оствариле видео врска со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан.

- Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата UNIFIL, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион, соопшти Министерството за одбрана .

Република Северна Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан. дма/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан