• сабота, 27 јули 2024

Видеолотарија Касинос Австрија ќе го спонзорира учеството на Бузалковски на БМУ Европскиот шампионат

Видеолотарија Касинос Австрија ќе го спонзорира учеството на Бузалковски на БМУ Европскиот шампионат
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Видеолотарија Касинос Австрија со спонзорство од 2.500 евра го поддржа македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски за учество на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. - Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, донесе одлука за спонзорство на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружение Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Средствата во износ од 2.500 евра, ќе му овозможат учество на меѓународни шампионати. Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите, соопшти компанијата. Според преостанатиот календар за тековната 2022 сезона, Бузалковски ќе се натпреварува од 23 до 25 септември во Навак, Србија, а потоа од 21 до 23 октомври во Серес Грција. Бузалковски претходно има осум победи од осум трки во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. зс/

Остани поврзан