• петок, 27 декември 2024

Видеоконференција Мицотакис –Мишел во пресрет на посетите на Либија

Видеоконференција Мицотакис –Мишел во пресрет на посетите на Либија
Атина, 2 април 2021 (МИА) – Во пресрет на посетата на Либија и Турција на претседателот на Европскиот Совет следната седмица и посетата на Либија на грчкиот премиер, Шарл Мишел и Кирјакос Мицотакис утрово одржале видеоконференција, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер, во придружба на министерот за надворешни работи Никос Дендиас во вторник ќе заминат за Либија, а ќе оствари средби со претседателот на преодниот претседателски совет Мохамед Јунус ал-Менфи и со премиерот Абдул Хамид Дабиба. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, вчера, на редовниот брифинг со новинарите рече дека посетата ќе го означи и непосредниот почеток со работа на грчката амбасада во Триполи, а е станува збор за „посета за нормализирање на односите со една важна соседна земја“. ср/

Остани поврзан