• недела, 24 ноември 2024

Видал се согласи за условите во договорот со Интер

Видал се согласи за условите во договорот со Интер
Милано, 30 август 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Барселона, Артуро Видал, би можел да стане дел од Интер, објави новинарот Николо Скира на Твитер. Претставниците на италијанскиот тим се договорија за условите со  Чилеанецот. Триесет и тригодишниот Видал игра за Барселона уште од 2018 година. Неговиот сегашен договор трае до 30 јуни 2021 година. Во две сезони во дресот на Каталонците, тој одигра 96 натпревари, постигнувајќи 11 голови и 10 асистенции. зс/

Остани поврзан