• недела, 24 ноември 2024

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор
Сантијаго, 17 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Чиле, Артуро Видал го коментираше отстранувањето во квалификациите за Светското првенство во 2022 година против Еквадор (0:2). - Сè уште не можам да верувам, само треба да им се извинам на моите соиграчи, стручниот штаб, моето семејство и целата моја земја. Ќе продолжиме да се бориме до крај, напиша Видал на Инстаграм. Видал беше исклучен во 13 минута поради опасен старт, удар со копачка во лицето на еквадорскиот дефанзивец Феликс Торес. Триесет и четиригодишниот Чилеанец ќе го пропушти следниот натпревар на тимот против Аргентина. зс/

Остани поврзан