• сабота, 16 ноември 2024

Вештачка интелигенција предвиде кој ќе победи на ЕП 2024

Вештачка интелигенција предвиде кој ќе победи на ЕП 2024

Гелзенкирхен, 6 јуни 2024 (МИА) - До УЕФА ЕУРО 2024 остануваат само неколку дена, а прогнозите за тоа кој ќе го освои турнирот доаѓаат од секоја можна страна.

Нарачана од спортската технолошка компанија „Спортрадар“, вештачката интелигенција го предвиде новиот европски шампион. Според пресметките, кои се базираат на дури 10.000 одиграни симулации, селекцијата на Англија има најголеми шанси да го подигне трофејот на Европското.

Ова е предвидувањето во 2.400 случаи од сите 10.000 одиграни комбинации или со други зборови, шансите за „трите лава“ се точно 24%.

По тимот на Герет Саутгејт следат Франција со 1.806, Германија (1.518), Португалија (1.047) и Шпанија (927).

Шансите на Шкотска се оценети како најмали. Островјаните се прогласени за победници на турнирот во помалку од 100 наврати од 10.000.

Вештачката интелигенција предвиде и дека најдобар стрелец на турнирот ќе биде новата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. дс

Фото: Архива

Остани поврзан