• вторник, 24 декември 2024

„Вечното дерби“ во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија

„Вечното дерби“ во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Битола, 15 февруари 2024 (МИА) - Во третиот четвртфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, екипата на Работнички стигна до победа над ТФТ Моцарт со 75:68 (34:40).

Победата на Работнички им донесе пласман во полуфиналето, каде за противник го имаат актуелниот освојувач на трофејот – МЗТ Скопје Аеродром.  

Тимот од Тафталиџе водеше и со 14 поени разлика во текот на мечот, но имаше големи осцилации во играта кои на крајот ги чинеше пораз.

Роберт Рикиќ во победничкиот состав забележа учинок од 23 поени и девет скокови, додека кај ТФТ најрасположен беше Виктор Ташовски со 12 поени. дс

Фото: КФСМ

 

Остани поврзан