• вторник, 24 декември 2024

Вечер во Радовиш Меѓународен фестивал на староградски песни и серенада „Саноќ седам“

Вечер во Радовиш Меѓународен фестивал на староградски песни и серенада „Саноќ седам“

Радовиш, 23 август 2024 (МИА) - Вечер во Радовиш, на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, ќе се одржи 14. Меѓународен фестивал на староградски песни и серенеда „Саноќ седам“. Фестивалот ќе почне со дефиле на учесниците пред платото на Центарот за култура „Ацо Караманов“ со изведба на серенади.

На Фестивалот учествуваат друштва од ансамбли од Бугарија и нашата земја, а први ќе настапат домаќините, „Распеани радовишани“. Покрај нив, староградски песни и серенади ќе исполнат Вокалниот октет „Прилеп“, Вокално инструменталната група „Елеганс“ од Ќустендил, Бугарија, „Распеани струмичани“, КУД „Распеани гевгеличани“, Вокално инструменталната група „Орнаменти“ од Штип и „Хор Шчипјани“.

Фестивалот го организираат Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“. рт/сст/

Фото: Организатори

 

Остани поврзан