• сабота, 28 декември 2024

Вечерва на „Скопско лето“ концерт на црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ

Вечерва на „Скопско лето“ концерт на црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во Музеј на македонската борба првпат пред македонската публика концерт ќе одржи црногорскиот пијанист Симо Шишевиќ (Црна Гора/Велика Британија). 

- Во зборовите на проф. Гордон Фергус Томпсон од RCM-Royal College of Music, Шишевиќ „е еден талентиран пијанист чија дисциплина и посветеност се втемелени. Тој веќе ги поседува корените на силен виртуозо, неговата техника, интелектуална љубопитност и музикалност инспирираат софистицирани интерпретации“, се наведува во денешното соопштение од Дирекција за култура и уметност - Скопје.

На концертот ќе бидат изведени дела од Брамс, Метнер и Рахманинов. 

Концертот е во соработка со Амбасадата на Црна Гора во Р. С. Македонија. 

Симо Шишевиќ е класичен концертен пијанист од Црна Гора. Пораснал во Бар, Црна Гора каде што почнал да свири пијано на свои шест години. Неодамна дипломирал на BMus (Hons) програмата на Кралскиот Колеџ за музика во Лондон со Прва класа почести, прво со познатиот пијанист Гордон Фергус-Томпсон и неодамна со познатиот британски професор Џон Брн.

Студирал чембало две години во Кралскиот колеџ за музика под признатата чембалистка Џејн Чепмен и фортепијано со Џефри Говиер. Досега Шишевиќ имал многу ангажмани, концерти, рецитали, фестивали. Има освоено многу национални и меѓународни натпревари и присуствувал на мастеркласи со истакнати пијанисти и професори по пијано. Тој исто така е композитор и студира диригирање. Репертоарот на Шишевиќ се движи од раниот барок до современа музика. цр/нд/

Фото: Дирекција за култура и уметност - Скопје

Остани поврзан