• среда, 25 декември 2024

Вестбрук оди во Денвер Нагетс

Вестбрук оди во Денвер Нагетс

Денвер, 19 јули 2024 (МИА) - Расел Вестбрук најверојатно следната сезона ќе се натпреварува за Денвер Нагетс. Плејмејкерот синоќа беше испратен од Лос Анџелес Клиперс во Јута Џез, а „џезерите“ нема да го задржат во својот состав, па се наметнува Вестбрук да го откупи својот договор. Тоа ќе му ја отвори вратата да стане слободен агент, а познатиот новинар Адријан Војнаровски од „ЕСПН“ објави дека Денвер е фаворит за неговиот потпис.

Вестбрук е дел од „трејдот“ што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди бекот Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 17 милиони долари.

Минатата сезона, Вестбрук имаше просек од 11,1 поен, 5,0 скока и 4,5 асистенции како дел од Л.А. Клиперс. Денвер ќе биде шестиот тим во кариерата на лидерот во категоријата „трипл-дабл“ во НБА, откако играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, Л.А. Лејкерс и Клиперс.

Интересен е фактот што Вестбрук по втор пат беше префрлен во Јута и веднаш беше испратен на друго место. Тоа прво се случи пролетта минатата година, кога Л.А. Лејкерс го испратија кај „џезерите“, а потоа бекот го откупи неговиот договор и потпиша со Л.А. Клиперс. дс

Фото: Архива

Остани поврзан