• четврток, 26 декември 2024

Весникот „Ла Нувел Републик“, кој објави карикатура со Мухамед, поднесе пријава по добиените закани

Весникот „Ла Нувел Републик“, кој објави карикатура со Мухамед, поднесе пријава по добиените закани
Париз, 21 октомври 2020 (МИА) - Регионалниот весник „Ла Нувел Републик“, дневен весник дистрибуиран од Ниорт до Блуа преку Тур, Шатору и Поатие, поднесе пријава откако доби неколку закани по објавувањето на својата насловна страна, на една од карикатурите на Мухамед објавени во Шарли Ебдо, во чест на дивјачки убиениот професор Самуел Пати, јави дописникот на МИА. Кристоф Хериго, главен уредник на „Ла Нувел Републик“, сакаше да ја објави оваа насловна страница спонтано, „и во знак на почит кон Самуел Пати, но и како искрена почит за да се каже доста“. -Ако веќе не сме тука, ние новинарите, да ги осудуваме работите, ние веќе не служиме повеќе за ништо. Покрај тоа, ние сме весник кој произлегува од Отпорот“, вели тој. -Овој шок […] предизвика огромни реакции, особено на социјалните мрежи, со 99,99% позитивни реакции, но и некои закани. Четири или пет пораки, особено на Фејсбук, недвосмислено, што не поттикна да поднесеме пријава заради принципот, изјави Кристоф Хериго главниот уредник на весникот на телевизијата БФМТВ. -Не бевме исплашени, ниту во изборот да ја објавиме насловната страница, ниту во воведниот коментар на весникот: Самуел Пати не се плашеше од тоа. Но, ние остануваме претпазливи, никогаш не се знае, додава новинарот. Весникот карикатурата ја објавил, во недела на 18 октомври, станува збор за цртежот на Кабу, убиен за време на нападот на 7 јануари 2015 година против редакцијата на Шарли Ебдо, во чест на Самуел Пати, наставникот по историја и географија обезглавен во петокот на 16 октомври во близина на неговото училиште во Конфлан-Сант-Онорин, кој го прикажа овој цртеж на час, како дел од часот курсот за слобода на изразување. Во добиените пораки било напишано: „внимавајте на враќањето на пламент“ или „ве предупредивме“. Затоа, веднаш беше поднесена пријава за закани. Истрагата ја отвори обвинителството во Шатеру, и таа и е доверена на судската полиција во Лимож. -Немаше апсолутно никаква желба да се предизвика, туку да се изрази на нашиот гнев по атентатот врз професорот, објасни Кристоф Хериго. тг/

Остани поврзан