• сабота, 23 ноември 2024

Весна Дамева повторно претседател на Судски совет, Георгиев поднесе оставка

Весна Дамева повторно претседател на Судски совет, Георгиев поднесе оставка

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - На претседателското место во Судскиот совет повторно се врати Весна Дамева, по пресудата на Управниот суд дека не се образложени причините поради кои таа претходно беше разрешена. Нејзиниот претходник Сашко Георгиев си поднесе оставка од функцијата.   

Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил Дамева од функцијата, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување, се вели во пресудата којашто Управниот суд вчера ја објави анонимизирано.

Во пресудата стои дека оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот нашол оти истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлука, како што наведуваат „содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.

Управниот суд денеска треба да ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и на МОРО Работничка партија, на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15

По објавената пресуда, Судскиот совет вчера одржа работен состанок, а веднаш потоа и итна седница.

На седницата Советот ја прифати оставката на актуелниот претседател Сашко Георгиев и ја врати на функцијата поранешната претседателка Весна Дамева.

Георгиев во своето излагање на седницата, покрај ретроспективата за неговото назначување и искуството како претседател, нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен.

Судскиот совет попладнево на итна седница со осум гласа  „за

Тој посочи дека немал никакви притисоци и влијанија, и како што рече, исклучително совесно, професионално и одговорно работел и го претставувал Советот.

Заменик претседателот на Судскот совет Ханиф Зендели, по неговото излагање констатираше дека нема потреба од расправа бидејќи станува збор за барање за оставка и посочи дека на Георгиев му престанува мандатот.

Георгиев останува како член да ја извршува својата обврска додека му трае мандатот.

Дамева, која се врати на чело на Судскиот совет, во изјава за медиумите рече дека пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред, што влева надеж дека правдата е достижна.

- Длабоко се надевам и очекувам дека ова ќе биде и почетокот за враќање на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и сите заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива и ако граѓаните не може да ја почитуваат правдата. Јас сум за вистината без оглед кој ја кажува. Јас сум за правдата без разлика за кого е и против кого е, нагласи Дамева.  

Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мисле

Легитимитетот на Судскиот совет, според Дамева, не е донесен во прашање, бидеќи не сите заеднички ја донеле одлуката за нејзино разрешување и порача дека има законска постапка и начин како се разрешува во Судскиот совет.

Разрешувањето на Дамева го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрување на функционирањето на Судот. 

Коментирајќи ги случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер лани изјави дека Судскиот совет не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски, а критики кон Судскиот совет испрати и холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање за актуелните случувања поврзани со Судскиот совет, кусо посочи дека ги дели размислувањата со американскиот и холандскиот амбасадор.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

- Во однос на Судскиот совет ги делам размислувањата на американскиот и холандскиот амбасадор, рече Ковачевски.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд. бт/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан