• недела, 24 ноември 2024

Весковски: Да се обединиме, Карпош да продолжи да биде позитивен пример во државата

Весковски: Да се обединиме, Карпош да продолжи да биде позитивен пример во државата
Скопје, 28  октомври 2021 (МИА) - Карпошани, да се обединиме, за да не бидеме кабаетлии во понеделник. Да се обединиме и да не дозволиме минатото да го земе местото на иднината, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Карпош, на СДСМ и Коалицијата Душко Весковски. На собирот Весковски ја побара поддршката од карпошани, порачувајќи им да го направат вистинскиот избор. Да не дозволиме, рече, Весковски, Стевче Јакимовски, човекот кој е на крај на својата кариера и нема што да изгуби со своите лажни ветувања да ни ја украде иднината. -Ви благодарам што денес сте тука во огромно присуство, заедно со нас, обединети, исправени пред предизвикот да се направи вистинскиот избор. Да се направи вистинскиот избор за нашиот Карпош, за Карпош да биде наша гордост и позитивен пример не само тука, туку и пошироко. Денес сум тука, пред вас и ви ветувам дека проектите во мојата програма не само што се реално остварливи, туку истите со тим, со знаење и посветена работа ќе бидат и реализирани. И не само тие, туку и уште многу други кои заеднички ќе ги креираме со единствена цел, пресретнување на вашите потреби, потребите на Карпош, рече Весковски. Имаме, нагласи, можност да го направиме најдоброто за Карпош. -Ве повикувам на 31 октомври да не се колебате, да ја дадете вашата доверба која нема да биде изневерена. На 31 октомври, да се обединиме и заедно да излеземе за остварување на граѓанскиот и проевропскиот концепт, за нас, за вас и за идните генерации, порача Весковски. Бојан Маричиќ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, истакна дека Скопје се сеќава и памети. Тоа, посочи, е во нашиот код. Скопје се сеќава и на жалните врби, се сеќава и на оние беспотребни споменици, се сеќава и на барокот, се сеќава и на галиите, на претепаните активисти, се сеќава на сиот терор кој го живеевме. -Наследството на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е кич, корупција и загадување. Тоа е тоа што има да го понудат на Скопје.  Ние, ние го имаме нашиот другар Петре Шилегов. Петре има приказна, има една поинаква скопска приказна која што ја распосла пред нас скопјани во изминатите четири години. Првпат видовме како е после долго време да се градат мостови, да се прават нови булевари, да видиме велосипедски патеки насекаде, да видиме дека може да се градат и зелени површини, да видиме дека можеме да го чувствуваме градот наш, а не да имаме град кој е обезличен и кој го има изгубено својот лик и душа. Петре ги сопре кичот, корупцијата и загадувањето и Петре ја врати душата на Скопје. Затоа, многу е едноставно. Во недела, на 31 октомври гласаме за број 12 и за Петре Шилегов на едното ливче, рече Маричиќ.   Се сеќаваме, дополни, како изгледаше кога гледавме пред нас како исчезнуваа зелените површини и стануваат згради. Се сеќаваме како изгледаше страв и трепет и закани кои доаѓаа од општината кон граѓаните и кон поддржувачите на СДСМ.  Се сеќаваме како изгледа како не можеме да ги запишеме сопствените деца во градинка само заради тоа што Стевчо Јакимовски одлучил така. Бидејќи се сеќаваме многу добро на другата страна го имаме Дуле, Душко, нашиот Дуле. Дуле има љубов, љубов кон цела општина, кон цел Карпош, има и верба во своите проекти, верба во она што го нуди, во подобар Карпош, во поубава општина, верба во наш Карпош којшто сите го чувствуваме наш.  Тој порача дека треба да се одбере, како што рече, дали сакаме четврти мандат да му дадеме на Стевчо Јакимовски или прв мандат да му дадеме на Душко Весковски за да ги направи сите добри работи за Карпош.   -Визијата што ја има Петре за Скопје и енергијата и сонот што го има Дуле за Карпош се добитна комбинација која што ќе победи во недела на 31 октомври, порача Маричиќ. вг/лв/

Тагови

Остани поврзан