• среда, 25 декември 2024

Весиќ: Србија доби зелено светло за пругата Белград-Ниш, изградбата почнува во втората половина на 2025

Весиќ: Србија доби зелено светло за пругата Белград-Ниш, изградбата почнува во втората половина на 2025

Белград, 31 октомври 2024 (МИА) - Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска изјави дека Србија добила зелено светло за работа на железничката делница Белград-Ниш и рече дека сега „може да се издаваат градежни дозволи за почеток на проектот“, чија изградба се очекува да започне во втората половина во 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Во гостувањето на РТС, тој рече дека Србија е високо усогласена со Европската унија (ЕУ) во областа на транспортот и потсети дека ЕУ дала „милиони евра грант помош“ од 2000 година до денес, вклучително и грант за брзата железница од Белград до Ниш, што ја прави ЕУ најважен партнер на Србија.

-Никој освен Европската Унија не и дава грантови на нашата земја, а ние во Владата на Србија особено го цениме тој чин, рече министерот Весиќ.

Тој кажа дека подготвуваат осум закони за кои треба да се расправа во Собранието, а кои се однесуваат на железницата, горивото, патиштата, како и Националната транспортна стратегија и дека со помош на тие закони Србија ќе се усогласи со регулативите на ЕУ.

Весиќ изјави дека работите на изградба на брзата пруга Белград-Ниш ќе почнат во втората половина на следната година, како и дека пругата нема да биде затворена за сообраќај, а работите на неа ќе траат меѓу три и пет години.

-Ќе имаме 230 километри пруга, а фазите на изградба се поделени во неколку етапи, рече Весиќ.

Тој изјави дека ќе се доградат девијации на релација Белград-Ниш за да се овозможи возовите да се движат со 200 километри на час.

Според Весиќ регионот ќе биде целосно поврзан со пруги и дека Европа најмногу ќе инвестира во железницата.

-Ќе се потпише изјава од четири земји, Србија, Унгарија, Северна Македонија и Грција, кои заеднички ќе ја градат пругата меѓу Будимпешта и Патра, рече Весиќ, кој во вчерашната изјава потенцираше дека оваа изјава ќе се потпише на 23 ноемви. об/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан